И покрај тоа што неговиот тим вчера не успеа да го победи Саутемптон, сепак и тој бод беше доволен за да Пеп Гвардиола го урне рекордот на Жозе Мурињо и да биде на чело на листата на освоени 500 бодови на најмалку одиграни натпревари.
Вчера Пеп го освои 500-тиот бод во Премиер – лигата, а за тоа му беа потребни само 213 мечеви, досега рекордер беше Мурињо со 231 меч, тука е и Клоп со 236 натпревари. Алекс Фергусон стигнал до 500-тиот бод на 242 мечеви, што е далеку од остварувањето на Гвардиола.
Инаку утринава одекна вистинска “бомба“ од Островот. Имено се известува дека Холандија го сака Пеп за селектор, дека според Холанѓаните токму тој е легитимен наследник на Јохан Кројф, и дека тој би бил идеално решение за оваа репрезентација.