Се запали стадионот на Вулверхемптон (ВИДЕО)

251

Пожарот кој избувна во раните утрински часови предизвика голема штета на стадионот на Вулверхемптон. Алармите за пожар се вклучија во 01:40 часот, а веднаш е алармирана и противпожарната служба. Во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари кои го напуштиле теренот дури во 06:45 часот. 

Првичните информации се дека причината за пожарот е електричен апарат, а за среќа нема повредени. Викендов Вулфси гостуваа кај Брендфорд, што значи дека немаше поголеми збиднувања на нивниот стадион.

 

 

ПретходноГарсиа и Гарсиа за победа на Осасуна
СледноБрегалница посилна за Урош Дамњановиќ (ВИДЕО)