Како што и беше планирано, екипата на Струга Трим Лум денеска се пресели во познатиот туристички центар во соседна Албанија, во Драч, каде ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки. Стружани и лани престојуваа во Драч каде имаа одлични подготовки.
Стратегот Срѓан Захариевски заедно со играчите покрај тренинзите, ќе “одработат“ и неколку пријателски натпревари.
Веќе за утре е закажана контролата со Феризај, тим од Косово. Два дена подоцна следува пријателскиот меч со Ботев Враца од Бугарија, тим за кој до пред неколку денови настапуваше Доријан Бабунски. Закажани се дуелите и со екипата на Рамиз Садику од Косово како и со Беса од Добри Дол, тим кој што се натпреварува во ВМФЛ – ЗАПАД.