Фудбалската репрезентација на Тунис е вториот патник во четврфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва ја совлада репрезентацијата на Нигерија со 1:0.
Момент на одлука беше голот во 47. минута кога Мсакне шутираше од 20 метри, а нигерискиот голман реагираше лошо и топката заврши зад неговиот грб. Нигерија остана и со играч помалку, откако Алекс Ајвоби, кој го замени Ихеначо во 59. минута, во 64. минута доби директен црвен картон.
Тунис успеа да ја задржи предноста и се пласира меѓу осумте најдобри, каде што претходно денеска пласман обезбеди Буркина Фасо.