Хрватска може да жали што не успеа да го добие дуелот со Црна Гора, особено ако се земе во предвид играта против силната Данска. „Коцкестите“ по тешкиот пораз се издигнаа и одиграа одличен меч вчера, на крајот беа поразени со 27-25 и по вторпат во последните 20 години нема да игра полуфинале на Европските првенства.
По натпреварот со Данска, селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват имаше порака до јавноста.
„Нема што да им замерам. Направивме еден и пол тренинг. Им ги затворивме устите на оние кои велеа дека не се бориме. Игравме поборбено и цврсто. Кога секој ден останувате без тројца-четворица играчи, од надвор навистина изгледа дека не се бориме. Покажавме големо срце“, изјави Хорват.
Лука Циндриќ и Иван Чупиќ порачаа дека ова е максимумот од Хрватска особено во време на пандемија коронавирус која на сите репрезентации им направи проблеми, дел успеаја да ги пребродат, дел поради истата не се покажаа во вистинското светло.