Цветан Кузманоски и уште двајца ракометари прекомандувани во првиот тим на Е. Пелистер

3246

Е. Пелистер дел од подготовките за продолжение на сезоната ги минува во Загреб. Во главниот хрватски град битолчани ќе одиграат три пријателски натпревари, против Целје, ППД Загреб и Сесвете. Жељко Бабиќ за овие средби повика тројца ракометари од вториот тим. Станува збор за Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ и Филип Арсеновски.

Повикани ракометари: Мартон Секељи, Марко Кизиќ, Филип Ивановски, Цветан Кузманоски *, Гоце Ојлески, Реиние Табоада, Немања Обрадовиќ. Дејан Кукуловски, Јосип Периќ, Марио Танковски, Павле Атанасијевиќ *, Мартин Велковски, Ненад Костески, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан, Филип Арсеновски *, Милорад Кукоски *.

Повикани ракометари од Еурофарм Пелистер 2: Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ, Филип Арсеновски.

Отсутни ракометари: Стипе Мандалиниќ, Мирко Радовиќ, Никола Маркоски, Бојан Маџовски (заради повреда ќе останат да работат во Битола) Матео Мараш (учесник на Европско првенство).

Контролни натпревари на Еурофарм Пелистер: 24 јануари: Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 26 јануари: Сесвете – Еурофарм Пелистер 28 јануари: ППД Загреб – Еурофарм Пелистер.

ПретходноГвардиола со нов рекорд во Премиер – лигата, а Холандија го сака за селектор!
СледноХеројот на Холандија кој работи во здравство порача: Никогаш не бев професионалец! (ВИДЕО)