Екипата на Челзи со 2:0 го совлада Тотенхем во меч од 23. коло на Премиер лигата. Лондонските ривали се соочија на „Стемфорд Бриџ“, а во првото полувреме немаше погодоци. Но затоа на стартот на второто паднаа два.
Во 47. минута Хаким Зијеш со шут од далечина го погоди местото каде се спојуваат пречката и стативата од голот. Тоа е атрактивен гол кој ќе биде запишан како еден од најубавите во оваа натпреварувачка сезона.
Во 55. минута Тијаго Силва ја погоди мрежата за победа на Челзи.
Тотенхем го доживеа првиот пораз по девет натпревари, а шести севкупно сезонава. Интересно, Тотенхем трет пат губи од Челзи во новата година. Ги загуби двата полуфинални меча во Лига купот, а сега и првенствениот дуел.
Челзи е третопласиран со 47 бода, а Тотенхем е седми со 36 бода.