Чупиќ се израмни со Лазаров на вечната листа на стрелци

721

Хрватска и покрај добрата игра не успеа да приреди сензација на последниот меч од групата 1 во главната фаза, беше поразена од Данска со 27-25.

Иван Чупиќ на оваа средба постигна три гола и успеа да влезе во вечната листа на Топ 10 стрелци во историјата на Европските првенства. Екс-вардарецот сега има 182 погодоци исто колку македонската гол-машина Кирил Лазаров и Јан Филип од Чешка.

Тројцата го делат третото место, а Чупиќ на следните два меча ќе има шанса да се искачи погоре. Лазаров поради повреда не одигра ниту една средба на континенталното натпреварување, остана на оваа бројка.

*Табелата е направена пред стартот на Европското првенство

ПретходноШкендија си „лапна“ 150.000 евра од трансферот на Фазлагиќ од Жилина во Висла Краков!
СледноЕлиминиран еден од главните фаворити на Австралија Опен, Надал по историски тај-брејк до 1/4 финале!