Тимот на Шкендија предмалку одигра уште еден пријателски натпревар на подотовките во Анталија. Обезбеден е триумф над тимот на Варта Познањ со конечни 3:1.
Стрелец на првите два гола уште во првото полувреме беше Ваљмир Нафиу, а во второто полувреме погоди Елези.
Ова беше трет меч за Тетовци во Анталија, а досега се обезбедени две победи и едно реми.