Шкендија си „лапна“ 150.000 евра од трансферот на Фазлагиќ од Жилина во Висла Краков!

1873

Од завчера Енис Фазлагиќ, нашиот младински репрезентативец е член на Висла Краков, еден од двата гиганти во Полска. Се разбира дека ова е голем трансфер за Фазлагиќ, досегашниот фудбалер на словачка Жилина. И официјално целиот трансфер изнесува 500.000 евра, толку Висла и плати на Жилина за Македонецот.

На ова и во Шкендија “тријат раце“. Имено од тие 500.000 евра, дури 150.000 ќе “легнат“ во касата на тетовскиот клуб и се поради една ставка од договорот во јуни 2018 година кога Фазлагиќ од Шкендија направи трансфер во Жилина. Имено тогаш трансферот на играчот за врска изнесуваше 300.000 евра со ставка во договорот, која ја издејствува тогашното раководство на Шкендија, во која стоеше дека од наредниот од трансфер на Фазлагиќ тетовци ќе имаат 30%.

И ете Шкендија си “лапна“ 150.000 евра од овој вчерашен трансвер на Фазлагиќ во Висла Краков.

ПретходноТрајковски пред дуелот со Италија: Ќе играме со срце, не се откажуваме!
СледноЧупиќ се израмни со Лазаров на вечната листа на стрелци