Милвоки може и без грчкиот ѕвер (ВИДЕО)

266

Милвоки дојде до третата победа во низа, вкупно 30. оваа сезона во НБА-лигата. Бакс на домашен терен го совладаа Сакраменто со 133-127 без Јанис Адетокумбо и Брук Лопез.

До триумфот Милвоки го предводеше Крис Мидлстон, кој мечот го заврши со 34 поени, шест скока и пет асистенции, во финишот погоди тројка со која ја осигура победата. Добро го прашете Холидеј кој имаше 26 поени, пет скока и четири асистенции. Најефикасен кај Сакраменто беше Барнс со 29 поени.

Миловки е на третото место во Источната конференција, додека Скраменто е 12-ти во Западот.

На останатите две средби одиграни синоќа, Кливленд беше подобар од Оклахома со 94-87, додека Феникс ја совлада Индијана со 113-103.

ПретходноНов скандал на Австралија Опен: Принудија жена да ја соблече маицата поради Шуај Пенг (ВИДЕО)
СледноДебито на Васоски за Сараево проследено со голем инцидент, имало и пукање!!! (ВИДЕО)