Репрезентацијата на Буркина Фасо е првиот четвртфиналист на Купот на африканските нации откако денеска во жестока 120 минутна битка го елиминира Габон на пенали. Буркина Фасо во првото полувреме водеше со голот на играчот за врска на Астон Вила Бертранд Траоре во 28. минута, а десет минути претходно истиот играч промаши пенал.
Во финишот на првиот дел Бупендза реализира гол за Габон кој беше поништен поради офсајд. Во 67. минута Габонците останаа со играч помалку поради втор жолт картон за Обиса, сепак, успеаа да изедначат во првата минута од судиското продолжение преку автоголот на Гуира.
Се отиде во продолженија, таму мрежите мируваа, па се прејде кон изведување на пенали.
Долго траеше серијата. По осум серии резултатот беше 7:7, а потоа Габонците промашија, а промашија и фудбалерите на Буркина Фасо.
Во наредната серија Палун ја погоди пречката, а Удраого беше прецизен и донесе победа за Буркина Фасо од 7:6.
Во четвртфиналето ќе го чека подобриот од дуелот Нигерија-Тунис.
Инаку оваа селекција четврти пат ќе игра четвртфинале на Купот на Африка. Инаку најдобриот пласман го имаа во 2013 година кога беа финалисти и го загубија мечот за трофејот.
FOTO>Twitter/LiveScore