Германскиот ски скокач Карл Гајгер издвојува две победи на скокалницата во германски Титизе-Нојтшад и со тоа го презеде водството во генералниот пласман кое пред настапот на оваа скокалница го држеше Рују Кобајаши. Гајгер се врати на првото место на кое беше се до 1 јануари кога се скокаше на втората скокалница од Новогодишната турнеја.
Интересно, во саботата пласманот во Титизе-Нојштад изгледаше вака: Гајгер прв, втор Словенецот Анже Ланишек, трет Германецот Маркус Ајзенбихлер.
Истиот пласман беше и во вториот натпреварувачки ден. Кобајаши денеска заврши на четвртата позиција исто како и во саботата.
Гајгер води во генералниот пласман со 1097 бодови, втор е Кобајаши со 1036, а трет Гранеруд со 785.
Winning jump: Karl Geiger / #TitiseeNeustadt, January 23, 2022#skijumping #FISskijumping pic.twitter.com/B4A5X92AKS
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) January 23, 2022