Нов проблем за хрватската репрезентација до крајот на главната фаза. Селекторот, Хрвоје Хорват нема да може да смета на услугите на Халил Јагањац. По повредата некогашниот член на Металург е позитивен на коронавирус.
Со оглед на правилата на ЕХФ за време на континенталното натпреварување кога станува збор за Ковид-19 и фактот дека Хрватска нема шанси за пласман на третото место, тој го завршува ова ЕУРО.
Хрватска утре игра со Исланд, додека два дена подоцна со Данска.