Драма и паника во таборот на Борусија Дортмунд. Имено на вчерашниот меч меѓу Хофенхајм и Борусија Дортмунд, во кој победија гостите со 2:3, а пвриот гол го даде Ерлинг Халанд, во 63.минута Норвежанецот се повреди па мораше да биде заменет со Витсел.
Првичните реакции на тренерот Марко Росе биле дека Халанд имал проблеми со адукторот.
Сепак дека не е така едноставно, говорат пишувањата на дел од медиумите во Германија кои се сомневаат во најлошото, односно во повреда или кинење на вкрстените лигаменти. Секако дека ова би било шок не само за Дортмунд туку и за сите други клубови кои сакаат да го купат ова лето фантастичниот напаѓач.
Имено тие се прашуваат зошто, ако не било толку сериозно, докторскиот тим на клубот веднаш му направил тест за кинење на лигаментите и зошто се чуваат во тајност резултатите од тие тестови.