Полека почнува расплетот околу полуфиналистите на Европското првенство. Денеска ќе се одиграат три меча од групата 2, на распоред е третото коло во Братислава.
Во центарот на вниманието е дуелот меѓу Шпанија и Норвешка. Актуелниот бранител на титулата е во неверојатна серија од 17 меча без пораз на континенталните натпреварувања. Со триумф на вечерашната пресметка (20:30 часот) против Норвешка ќе го завери своето место во полуфиналето.
„Фуријата“ на оваа средба влегува како фаворит, иако пред себе има квалитетен противник, причината е историјата на меѓусебни пресметки. Шпанија во последните пресметки со Норвешка има 18 победи и едно реми. Последен пат кога изгубила од оваа селекција е во далечната 1997 година. Дали Сандер Сагосен и неговите соиграчи ќе успеат да го променат ова ќе бидиме денеска.
На останатите две средби, Полска и Русија ќе се борат за првите бодови во главната рунда (15:30 часот), додека Шведска на сметка на Германија ќе се обиде да се вмеша во трката за првите две места во групата 2, кои водат во полуфиналето.