Швајцарецот Беат Фојц ја забележа првата победа сезонава во Светскиот куп откако денеска на славната „Штрајф“ успеа да триумфира во спустот. На второто место се пласира уште еден Швајцарец и тоа Марко Одермат кој се уште е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп. Третото место му припадна на Австриецот Даниел Хеметсбергер.
Денеска се возеше третата трка во Кицбил, а во петокот во спустот победи Александер Амод Килде, во саботата историски триумф на Дејв Рајдинг во слалом, а денеска во спустот најдобар Фојц.
На 25 јануари е слаломот во Шладминг, а потоа натпреварувачите заминуваат во Пекинг каде голем дел од нив ќе учествуваат на Олимписките игри.
Во женска конкуренција во супер-џи во италијанскиот „Кордина Д’Ампецо“ победи домашната скијачка Елена Куртони. Таа беше најбрза пред Тамара Типлер од Австрија и Швајцарката Мишел Гисин. Во генералниот пласман Микаела Шифрин се уште е лидер.
На 24 јануари е следната трка и тоа супер-џи во италијански Кронплац.