Баерн останува без Зиле – одбил голема плата и нов договор

454

Еден од одбранбените фудбалер на Баерн Минхен Никлас Зиле нема да ја продолжи кариерата во баварскиот гигант и од 30 јуни ќе биде слободен играч. 26-годишниот Зиле ја одбил понудата да го продолжи договорот, пишува германски „Билд“.

Изданието пишува дека спортскиот директор Салихамиџиќ како и управата на Баерн подолго време барале од германскиот репрезентативец да потврди дека ќе остане, меѓутоа тој не се согласил на новиот договор која му гарантира и поголема плата, се шпекулира за сума од 10 милиони евра годишно.

Зиле веќе го известил клубот дека заминува и чека други понуди. Како потенцијални замени „баварците“ ги пикирале Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер од Челзи.

 

ПретходноМанчестер Ј. договори засилување од Олимпик Марсеј
СледноФранција, сепак, преголем „залак“ за Црногорците