Нов меч на Борец во Анталија, и нов пораз. Велешани денеска загубија од ЦСКА 1948, прволигаш од Бугарија, со 3:4. Интересно е тоа што сите седум голови “паднаа“ во првото полувреме. Борец во 7. минута веќе водеше со 2:0 со головите на Ѓорѓевиќ и Мамадзаде, новиот напаѓач кок дојде до Азербејџан. Во 17.минута резултатот гласеше 2:2, но Ѓорѓиев две минути подоцна одново носи водство на нашиот тим, за да во финишот на првото полувреме тимот од Софија постигна два гола за конечни 3:4.