Голем пех за Шкупи: Поради повреда, Руватубјае во „аут“ 8 месеци!

451

Заврши сезоната за одличниот стопер на Шкупи Абдул Руватубјае. Имено тој на подготовките во Анталија се здоби со тешка повреда, скршена мускулна тетива на левата нога, па така до клубот велат дека Шкупи ќе мора без него најмалку 7-8 месеци. Во моментов интернационалецот од Руанда е на операција во Истанбул.

Јасно е дека сега Шкупи ќе мора да донесе и адекватно засилување. Руватубјае, ако се биде во ред, ќе може дури на стартот од следната сезона да се најде во тимот од Чаир.

ПретходноЛошите временски услови го одложија летот: Вардар вечерва или утре за Анталија
СледноГолеада во Анталија: Борец и ЦСКА 1948 одиграа 3:4, сите голови “паднаа“ во првото полувреме! (ВИДЕО)