Легендарниот фудбалер Дејан Савичевиќ дојде во Будимпешта – специјално за ракометарите!

357

Црна Гора е една од најпријатните изненадувања на ова Европско првенство. Иако оваа селекција има одличен состав, сепак никој не очекуваше дека во групната фаза ќе добие едно име како Словенија, а потоа во главната рунда ќе ја совлада и Хрватска.

Црногорците добиваат поддршка од сите страни. Во хотелот во Будимпешта каде што се сместени дојде и првиот човек на фудбалската федерација на оваа земја и легендарен фудбалер, Дејан Савичевиќ.

Лично сакаше да им даде поддршка на ракометарите и да им честита за она што го сторија за Црна Гора.

Оваа репрезентација денеска игра против Франција, дуелот е закажан во 20:30 часот.

ПретходноСе разгорува кај Хрватите: Ако Хорват не може да поднесе критики – тоа е проблем!
СледноДрашко Ѓорѓевиќ се врати во Работнички