Иако планирано за утринава, патувањето на Вардар за Анталија е одложено за вечерва или утре наутро. Причина одложениот лет за турската туристичка дестинација.
Причина за одложувањето на летот се лошите временски услови во Истанбул, па сега се чека презакажување на летот за вечерва или најдоцна утре изутрина. Вардар е уште еден од македонските клубови кои подготовките ќе ги реализираат во Анталија.
Според последните информации, „црвено-црните“ за време на престојот во Анталија ќе имаат и три контроли со два руски и еден украински тим.