Медведев на три победи до врвот на Ѓоковиќ

442

Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен. Рускиот тенисер го совлада Американецот Максим Креси со 3-1 по сетови (6:2, 7:6, 6:7, 7:5) во меч кој траеше три и пол часа.

Русинот се најде на три победи до вториот Гренд слем во неговата кариера, но и до првото место на АТП листата на кое во овој момент се наоѓа Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер не доби шанса да ја брани титулата во Мелбурн, откако неговата виза беше одбиена.

Медведев загуби само еден сет, во третиот Американецот беше подобар со 6-7, но во последниот успеа да дојде до победа.

Во четвртфиналето рускиот тенисер ќе игра против Феликс Озе-Алиасим, кој го совлада Марин Чилиќ со 3-1 во сетови (6:2, 6:7, 2:6, 6:7). Чилиќ добро го отвори мечот, поведе со 1-0, но потоа следеше пад.

ПретходноЅверски партии на Јокиќ и Дончиќ, Батлер го урна рекордот на Леброн (ВИДЕО)
СледноТиквеш летна за Анталија, утре на мегдан со Партизан! (ФОТО)