Работнички тргна победнички на пријателските во Анталија

320

Фудбалерите на Работнички денеска во Анталија, во својот прв пријателски натпревар, забележаа триумф над Лвов, тим од првата лига на Украина. Тимот од Градски парк победи со 1:0, а стрелец беше новакот во редовите на Работнички, Анес Рушевиќ и тоа во 40.минута.

Инаку Работнички е во потрага во нов играч за врска, и тоа откако и дефинитивно е јасно дека најголемото зимско засилување Арменд Алими, ја повреди тетивата и дека тешко дека ќе може да заигра во пролетниот дел.

ПретходноГаџа ја реши драмата: Хрватска преку Исланд до први бодови во главната рунда
СледноПонуда за Шкендија: Газијантеп сака да го купи мега – талентот Дашмир Елези за 400.000 евра!