Во хотелот Александар Палас во Скопје, во саботата се одржа XXIII конгрес на Балканската одбојкарска асоцијација, БВА. На конгресот на БВА присуствуваа претставници од сите 11 земји членки, како и Александар Боричиќ, претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Ренато Арена, прв потпретседател на ЦЕВ, Озкан Мутлугил, претседател на работната група на ЦЕВ за Зонски здруженија и Зоран Аврамовиќ, претседател на Комисијата за маркетинг на БВА и CEV Advisor.маркетинг.
Делегатите на Конгресот беа запознаени со новиот изглед на веб-страницата на БВА, каде од оваа година задолжителни се директните преноси на сите натпревари на балканските првенства кои ќе се пренесуваат на веб-страницата на БВА. На Конгресот беа усвоени предлозите за домаќини на Балканските првенства за оваа 2022 година, но конечната потврда, како и датумите ќе бидат објавени по состанокот на техничката комисија на БВА, која ќе се одржи кон крајот на март и почетокот на април.
За претседател на БВА е избран Мехмет Акиф Устундаг, претседател на Одбојкарската федерација на Турција, додека за потпретседател е избран Љубомир Ганев, претседател на Одбојкарската федерација на Бугарија.
За член на техничката комисија на БВА е избран Симон Џинес од Македонија.
БП У16 (Ж) – организатор Турција
БП У17 (М) – организатор Бугарија
БП У17 (Ж) – организатор Србија
БП У18 (М) – организатор Србија
БП У19 (Ж) – организатор Романија
БП У20 (М) – организатор Косово
БП Одбојка на плажа У20 – организатор Романија
БП Одбојка на плажа У22 – организатор Косово
БП Одбојка на плажа (сениори) – организатор Албанија