„Газета“: Јуве и Влаховиќ се договориле за плата од 7 милиони евра

804

Ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ веќе се договорил со италијанскиот гигант Јувентус за неговите лични услови од договорот, тврди Газета дело спорт. Според авторитетното издание, 21-годишниот српски напаѓач сака да им се приклучи на „бјанконерите“ до крајот на јануари.

Србинот е подготвен да почека и до летото, а договорот со „Старата дама“ ќе му обезбеди 7 милиони евра годишна плата. Тој нема намера да потпише со Арсенал, иако лондонскиот клуб во моментов прави сериозни напори да го доведе во „Емирати“.

Газета дело спорт додава дека „виолетовите“ бараат околу 70 милиони евра за голгетерот. Ако сега за таа сума го купат Влаховиќ, првите луѓе на Јуве ќе останат без пари за нови играчи на лето, доколку не продадат дел од актуелните играчи.

ПретходноБалканската одбојка доби нов претседател и организатори на балканските првенства
СледноПетар Љамчевски се врати во Пелистер!