Заврши сезоната за одличниот стопер на Шкупи Абдул Руватубјае. Имено тој на подготовките во Анталија се здоби со тешка повреда, скршена мускулна тетива на левата нога, па така до клубот велат дека Шкупи ќе мора без него најмалку 7-8 месеци. Во моментов интернационалецот од Руанда е на операција во Истанбул.
Јасно е дека сега Шкупи ќе мора да донесе и адекватно засилување. Руватубјае, ако се биде во ред, ќе може дури на стартот од следната сезона да се најде во тимот од Чаир.