Драшко Ѓорѓевиќ се врати во Работнички

205

Работнички од денеска е посилен и за Драшко Ѓорѓевиќ. Српскиот интернационалец кој беше дел од македонскиот клуб во сезоната 2020/21, потпиша договор и се врати. Во изминатиот период Ѓроѓевиќ настапуваше за српскиот клуб Рад.

Новиот играч на Работнички ќе ја засили конкуренцијата во одбраната и се наоѓа со тимот на подготовките во Анталија.

Денеска „романтичарите“ ќе го одиграат и првиот пријателски натпревар на подготовките во турскиот туристички центар, а противник е украинскиот прволигаш Лвов.

ПретходноЛегендарниот фудбалер Дејан Савичевиќ дојде во Будимпешта – специјално за ракометарите!
СледноНа проблемите во Германија им нема крај: Патрик Винцек е позитивен на Ковид-19