Кристијан Ериксен го живее вториот живот. Данскиот фудбалер за време на Европското првенство се урна на теренот, доживеа срцев удар, лекарите едвај успеаја да го вратат во живот. Овие сцени од ЕУРО никогаш нема да бидат заборавени, целиот стадион, но и оние пред ТВ-екраните заплакаа, беа во шок од она што се случуваше на теренот.
Ериксен мораше да го напушти Интер, поради здравствените проблеми немаше право да игра во Серија А. После повеќе од пола година тој ќе се врати на терените, на чекор е да потпише за Бренфорд и да заигра во Премиер-лигата.
Но, пред да се случи ова тој мора да го исполни најглавниот услов. Ериксен како сите останати ќе оди на лекарски прегледи, овој пат дополнително ќе се испитува неговото срце, доколку ги мине сите тестови ќе може одново да заигра.
Ериксен ќе потпише договор до крајот на оваа сезона со можност за продолжување на истиот за една година. Бренфрод се наоѓа на 14 место на табелата во Премиер-лигата, има скор од шест победи, пет ремија и 12 порази.