ЕХФ му дозволила на Карабатиќ да игра, иако бил позитивен на Ковид-19

297

Еден од најдобрите светски ракометари, Никола Карабатиќ (37), иако беше позитивен на корона вирусот по натпреварот меѓу Франција и Холандија минатиот четврток, сепак му било дозволено да игра против Исланд во саботата, објави данската телевизија ТВ2 .

ЕХФ објаснила дека на Карабатиќ му било дозволено да настапи затоа што го победил Ковид вирусот во декември и не претставува опасност за околината, бидејќи има високо ниво на антитела. Карабатиќ постигна еден гол на тој натпревар.

„Точно е дека Никола Карабатиќ имаше позитивен тест по мечот со Холандија. Нашите медицински експерти ја прегледаа неговата медицинска историја бидејќи претходно беше заразен со Ковид. Врз основа на антителата проценивме дека треба да му биде дозволено да игра“, објасниле од ЕХФ.

Никола за првпат имаше позитивен тест на 22 декември и затоа пропушти дел од подготовките и остана во изолација во Стразбур. Карабатиќ ќе продолжи да се тестира редовно и ќе му биде дозволено да игра доколку нивото на неговите антитела не се намали драстично.

ПретходноДобра вест: Јелена Антиќ се врати на терените по долгата пауза!
СледноБалканската одбојка доби нов претседател и организатори на балканските првенства