И Селта Виго во “трка“ за потписот на Барди!

173

Покрај Милан, Реал Сосиедад, Бетис сега и Селта Виго се вклучува во “трката“ по потписот на Енис Барди, фудбалерот на Леванте и еден од нашите најдобри фудбалери. Медиумите во Шпанија пренесуваат дека сега и Селта пројавува силен интерес за нашиот репрезентативец.

Клубот од Виго сака да го искористи фактот дека на Барди во јуни му истекува договорот, и тој може да замине во Селта како слободен играч. Сепак познато е дека Барди побарал од раководството на Леванте уште зимава да си замине, опција која му одговара на Леванте ако се знае дека подобро сега да го продаде Барди и да заработи нешто отколку во јуни тој да си оди без никаква отштет.

Инаку факт е дека во следната сезона Леванте ќе игра во Втората лига во Шпанија, само чудо може да го спаси оваа пролет од испаѓање во Ла Лига.

ПретходноБВА ќе ја рестартира Балканската одбојкарка лига?
СледноПријателска во Анталија: Брегалница ремизираше со Зира!