Лука Циндриќ: Ова ЕП не требаше да се игра!

342

Екс – вардарецот и член на репрезентацијата на Хрватска, Лука Циндриќ како и уште многу други, смета дека ова ЕП во ракомет кое е во тек, воопшто не требало да се игра, и тоа поради Ковид-19.

Едноставно нема смисла, ова ЕП не требаше да се игра, односно требаше да се одложи и се поради коронавирусот. Ова за нас ракометарите е само обично мачење. И јас сим имам проблеми, познато е дека и јас бев позитивен. Брзо се заморувам, не сум на потребното ниво. Реков, ова ЕП требаше да се одложи, ова е инвизиција“ рече покрај другото екс – вардарецот.

ПретходноПријателска во Анталија: Брегалница ремизираше со Зира!
Следно24.01.2022 – 24.03.2022: Два месеца до историскиот дуел во Палермо!