Марсијал оди во Шпанија, одлучил да игра за Севиља

212

ФОТО: Тwitter
Францускиот крилен напаѓач Антони Марсијал заминува од Манчестер Јунајтед и ќе се пресели во Шпанија, поточно во Севиља. Клубот од Андалузија го пикирал Марсијал уште одамна и се обидува да го донесе, но некако наидуваше на препреки за сега, да бидат решени и наскоро овој фудбалер треба да го облече дресот на шесткратниот освојувач на Лига Европа.

Се шпекулира дека претходно проблем претставувала платата, но Марсијал се согласил и на помала плата само за да игра затоа што во Јунајтед тој почесто е на клупата отколку на теренот. Се зборува за позајмица до крајот на сезоната со опција договорот да биде откупен.

А и тој самиот ја одбрал Севиља и одбил трансфери во Њукасл и Тотенхем.

 

ПретходноДебитантот Гамбија и домаќинот Камерун влегоа во четвртфиналето на КАН
СледноХоџсон ќе ја прекине пензијата за да седне на клупата на Ватфорд