Моќните Данци ја “смачкаа“ Холандија и ставија “печат“ на полуфиналето!

131

Селекцијата на Данска, веројатно најголемиот фаворит за златото на ова ЕП 2022, вечерва без проблеми во меч од групата-1, успеа да слави над Холандија со 35:23 (21:12). Со што Данците и официјално се најдоа во полуфиналето, меѓу најдобрите четири селекции, а тоа значи дека ќе бијат битка за еден од медалите.

Ако во првиот дел Данска одигра без пардон, затоа и таа разлика од +9 на крајот, тогаш во вториот дел момците на селекторот Јакобсен како да го намалија темпото, а тоа го искористи симпатичната селекција на Холандија го искористи за да не доживее вистинска катастрофа, која се најавуваше по на што го видовме во првиот дел. Во оваа фаза од мечот Јакобсен како да воигруваше повеќе тактички варијанти кои секако дека ќе му бидат потребни за самата завршница на ова првенство. Но и со таквиот начин на игра, Данска не и даде ни грам надеж на Холандија дека може нешто да стори. Треба да се каже дека Холанѓаните играа без својот прв „бомбардер“ Кај Смитс кој е позитивен.

Овој меч го судеа нашите Николов и Начевски, кои немаа никакви потешкотии посебно ако се знае дека мечот беше решен уште пред да почне.

 

ПретходноСтоилов потпишува за Ксанти
СледноПријателски натпревар: Е. Пелистер со триумф над Целје!