Петар Љамчевски се врати во Пелистер!

823

Новото раководство на Пелистер по се изгледа дека уште на стартот сериозно си ја сфати работата. Па така најново име во редовите на битолскиот прволигаш е Петар Љамчевски (30), играчот за врска кој во изминатата есен го носеше дресот на Вардар. Љамчевски е првото звучно име во Пелистер во овој зимски преоден рок.

Ова е негово враќање во својот матичен клуб. Покрај Пелистер и Вардар, искусниот играч за врска има играно и за Металург, Еуромилк, Силекс, Гостивар, Тиквеш.

Според најавите од Пелистер, ќе има уште неколку квалитетни засилувања за тимот на новиот стратег Марјан Секуловски.

Претходно„Газета“: Јуве и Влаховиќ се договориле за плата од 7 милиони евра
СледноЛошите временски услови го одложија летот: Вардар вечерва или утре за Анталија