Понуда за Шкендија: Газијантеп сака да го купи мега – талентот Дашмир Елези за 400.000 евра!

1644

Дашмир Елези, мега – талентот на Шкендија и мак – фудбалот, би можел да потпише за Газијантеп, прволигашки клуб од Турција. Клуб за кого пред три недели потпиша уште еден наш мега – талент Лука Станковски.

Имено како што велат нашите информации, Газијантеп доставил понуда до Шкендија вредна 400.000 евра, додека тетовци бараат двојно повеќе, дури 800.000 евра за својот млад офанзивец.

Колку за потсетување, трансферот на Лука Станковски од Работнички во Газијатнтеп беше 650.000 евра. Турците сакаат да ги спојат нашите големи таленти во својот тим.

Кога сме кај Елези, Газијантеп во понудата која има испратено до нашиот шампион, бара Дашмир да игра за Шкендија се до својата 18 година, па дури потоа да се пресели во Турција. Тоа би се случило во декември, со оглед на тоа дека во ноември Елези, кој е најмладиот стрелец во ПМФЛ во историјата, ќе наполни 18 години.

ПретходноРаботнички тргна победнички на пријателските во Анталија
СледноЕХФ ја одби жалбата на Полска – голот на Косоротов е регуларен!