Посебен ден за југот на Италија: Марадона доби друштво меѓу легендите на клубот

602

Наполи на Елиф Елмас во рамките на 23. коло во Серија а го декласираш Салернитана со 4-1. Еден од стрелците беше Инсиње, тој во 53. минута од белата точка го постигна четвртиот погодок за својот тим.

Инсиење дојде до бројката од 115 голови. Италијанскиот репрезентативец се изедначи со легендарниот фудбалер Диего Марадона и се запиша во историјата на овој клуб.

Тој веќе ужива статус на легенда кај навивачите, а по дуелот со Салернитана дефинитивно истиот ќе се зголеми.

Во оваа сезона постигна пет гола во Серија А и запиша четири асистенции, а Наполи во моментов се наоѓа на второто место на табелата со 49 бода, четири помалку од лидерот Интер, но и меч повеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SSC Napoli (@officialsscnapoli)

ПретходноУште еден удар за Хрватска на ЕУРО
СледноЅверски партии на Јокиќ и Дончиќ, Батлер го урна рекордот на Леброн (ВИДЕО)