Пријателска во Анталија: Брегалница ремизираше со Зира!

248

Попладнево во Анталија, екипата на Брегалница во својот втор пријателски меч, одигра 1:1 со Зира, тим од Азербејџан. По триумфот над Кубан, ова беше прво реми за штипските „сини“ предводени од новиот стратег Илчо Ѓорѓиоски. Брегалница повела со голот на Дујовски во 5.минута, додека Зира израмнила со голот на Волков во 14.минута.

Во следните неколку денови од својот престој во Анталија, тимот на Брегалница ќе одигра најмалку уште две пријателски средби.

ПретходноИ Селта Виго во “трка“ за потписот на Барди!
СледноЛука Циндриќ: Ова ЕП не требаше да се игра!