Хрватската ракометна репрезентација остана без борба за медал на Европското првенство кое се одржува во Унгарија и Словачка. До крајот на главната рунда „коцкестите“ ќе играат против Исланд (меч кој се игра денеска, 15:30 часот) и во последното коло против Холандија.
По поразот од Црна Гора на сметката на репрезентативците на оваа земја стигнаа бројни критики, а по поразот од Данска во добра игра, во јавноста се огласи селекторот, Хрвоје Хорват, на кого се чини дека не му беше сеедно.
На оваа тема зборуваше Ненад Кљаиќ, златниот олимпиец на оваа земја.
„Кога сте селектор мора да прифатите критика, не сме држава која има четири милиони селектори, како сите останати држави од југот и медитеранот. Таков е нашиот менаталитет, но кога сте селектор морате да ја трпите секоја критика. Кога победуваше те фалат, но кога губиш мора да го очекуваше спротивното. Никој не ги критикуваше за поразите од Франција или Данска, но против Црна Гора се очекуваше победа. Ние сме квалитетна репрезентација, ако тоа не може да го поднесе тогаш е голем проблем“, изјави Кљаиќ.