Се чека на трансфер: Дарко Велковски ги брои деновите во Ријека!

2303

Нема ден а Дарко Велкоски, стоперот на Ријека и нашата најдобра репрезентација, да не се поврзе со некој клуб од Европа за голем трансфер. И повеќе од јасно е дека тој е пред трансфер, и тоа оваа зима и тоа со дозвола на Ријека, ако се знае дека Македонецот во јуни е слободен играч и хрватскиот тим ако се надева на макар симболична отштета,ќе мора оваа зима да гио пушти својот дефанзинец.

А Велковски веќе два месеци наназад се поврзува со можен трансфер во Малме, во Бешикташ, Трабзонспор, потоа АЕК и Панатинаикос, се споменуваше и Салернитана и клубови од Германија.

Останува да се види која од тие понуди ќе биде доволно добра за Велковски да ја прифати и по цели 3,5 години, кога дојде од Вардар, си замине од Ријека.

ПретходноТолку беше: Ватфорд со „шут – карта“ за Раниери!
СледноСтоилов потпишува за Ксанти