Стоилов потпишува за Ксанти

1419

Ѓорѓи Стоилов својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Ксанти во Грција. Амбициозниот второлигаш кој има намера, и амбиции следната сезона да биде дел од елитата го доведува вториот Македонски интернционалец за кратко време по Бесарт Ибраими кој со успех настапува во овој клуб веќе неколку месеци.

Од друга страна, Ѓорги Стоилов имаше кратка авантура во Азербејџан во тимот на Зира, а зимава е во потрага по нов клуб. Го пронајде очигледно во Грција, каде што ќе има можност повторно да ги потврди своите неспорни квалитети, кои своевремено го доведоа и до дресот на репрезентацијата на Македонија.

 

ПретходноСе чека на трансфер: Дарко Велковски ги брои деновите во Ријека!
СледноМоќните Данци ја “смачкаа“ Холандија и ставија “печат“ на полуфиналето!