Толку беше од Клаудио Раниери на клупата на Ватфорд. По само три месеци на клупата на овој клуб од Премиер – лигата, денеска челниците на Ватфорд му врачиле отказ. И тоа не е изненадување ако се знае Раниери на последните 14 средби успеа да загуби дури на 11. И кога е така, тука нема дилеми.
Инаку Ватфорд беше четврти клуб во Премиер – лигата за Италијанецот, по Челзи, Лестер со кого освои титула и Фулам.