Како одминува Европското првенство така Хрватска не може да дигне глава од проблеми. По Халил Јагањац, кој поради позитивен тест на коронавирус мораше да оди во изолација, селекторот Хрвоје Хорват се соочи со нов проблем.
Поради повреда за Мирко Алиловиќ ја напушти Будимпешта и замина за Сегедин каде ќе прави детални лекарски прегледи. Тој има повреда на листот на ногата, па за мечот со Исланд (15:30 часот) нема да биде на располагање на селекторот.
Во составот на хрватската репрезентација се враќа Давор Чавар на позицијата лево крило.
Хрватска не успеа да освои ниту еден бод до сега во главната фаза, беше поразена од Црна Гора и Данска, се наоѓа на последното место на табелата во групата 1.