Франција, сепак, преголем „залак“ за Црногорците

147

Репрезентацијата на Црна Гора која е најпријатно изненадување на ЕП не успеа да приреди уште една сензација, па вечерва лесно и убедливо загуби од Франција, олимпискиот шампион и една од најсилните репрезентации на денешницата. Резултатот на крајот е 27:36 во корист на Франција која има 6 бода и е на второто место во групата.

Во Будимпешта, Црногорците се држеа во првото полувреме до 11:11 потоа Французите направија серија од +4 што ги поремети „лавовите“ во ритамот и потоа не можеа да се вратат. На полувреме беше 12:16, во вториот дел француските „генијалци“ ја држеа играта под контрола, бргу стигнаа до +7 гола разлика, потоа и до +10 (19:29) и веќе беше јасен победникот, се чекаше само резултатот.

На крајот 25:36. Кај Французите најефикасен беше Мем со 7 гола, а исто толку даде и Милош Вујовиќ за Црна Гора. А црногорскиот голман Симиќ повторно беше двоцифрен и собра 13 одбрани меѓутоа играчите од офанзивата не можеа да го пробијат францускиот бедем.

За Црна Гора остана уште еден меч, против Исланд во борба за третото место во групата.  Франција ќе игра со лидерот Данска во последното коло од групната фаза.

 

ПретходноБаерн останува без Зиле – одбил голема плата и нов договор
СледноДебитантот Гамбија и домаќинот Камерун влегоа во четвртфиналето на КАН