Дебитантот Гамбија и домаќинот Камерун влегоа во четвртфиналето на КАН

155

Фото: Twitter/#TotalEnergiesAFCON2021
Познати се уште двајца учесници во четвртфиналето на Купот на Африканските нации. Сензација направи дебитантот Гамбија која првпат е на Купот и успеа да стигне до најдобрите осум селекции. Тоа им успеа по елиминацијата на Гвинеја со 1:0 со гол на Муса Бароу во 71. минута.

А домаќинот Камерун го скрши отпорот на десеткуваниот Комори и го победи со 2:1. За Комори на голот беше левиот бек Алхадур кој имаше три интервенции и стана хит на шампионатот. Да потсетиме поради проблеми со коронавирус двајца голмани отпаднаа, а третиот им е повреден, па затоа играч мораше да брани.

Рано дефанзивецот Абду доби црвен картон па Комори беа принудени со 10 играчи да се борат против фаворитот. Камерунците поведоа со голот на Токо Екамби во 29. минута, во 70. минута зголемија на 2:0 со гол на Абубакар. Комори во 81 минута намалија со прекрасниот гол на Чангама од слободен удар меѓутоа немаа сили да изборат продолженија.

Па така Гамбија и Камерун ќе се соочат меѓу себе во четвртфиналето.

ПретходноФранција, сепак, преголем „залак“ за Црногорците
СледноМарсијал оди во Шпанија, одлучил да игра за Севиља