ЕХФ ја одби жалбата на Полска – голот на Косоротов е регуларен!

326

Многу врева се дигна во ракометниот свет по вчерашниот меч меѓу Полска и Русија кој заврши 29:29. Имено во последната секунда од средбата, Сергеј Косоротов и донесе бод на Русија, но се чини дека преходно направи четири чекори, што секако дека не е дозволено. На ова Полска приложи жалба до надлежните комисии на ЕХФ, а по разгледување на истата таа бепе одбиена од страна на Дисциплинската комисија на ЕХФ. Што значи дека голот на Косоротов е регуларен, а резултатот од 29:29 меѓу Полска и Русија останува на сила.

ПретходноПонуда за Шкендија: Газијантеп сака да го купи мега – талентот Дашмир Елези за 400.000 евра!
СледноСЕХА: Вардар и Е. Пелистер ги дознаа термините за натпреварите пролетва