Покрај Милан, Реал Сосиедад, Бетис сега и Селта Виго се вклучува во “трката“ по потписот на Енис Барди, фудбалерот на Леванте и еден од нашите најдобри фудбалери. Медиумите во Шпанија пренесуваат дека сега и Селта пројавува силен интерес за нашиот репрезентативец.
Клубот од Виго сака да го искористи фактот дека на Барди во јуни му истекува договорот, и тој може да замине во Селта како слободен играч. Сепак познато е дека Барди побарал од раководството на Леванте уште зимава да си замине, опција која му одговара на Леванте ако се знае дека подобро сега да го продаде Барди и да заработи нешто отколку во јуни тој да си оди без никаква отштет.
Инаку факт е дека во следната сезона Леванте ќе игра во Втората лига во Шпанија, само чудо може да го спаси оваа пролет од испаѓање во Ла Лига.