Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза успешно го оперираше левото колено, кое го повреди на натпреварот против Рома на 9 јануари, објавија италијанските медиуми.
Киеза се здоби со повреда на предните вкрстени лигаменти и мораше да оди на реконструктивна операција, која беше извршена во клиниката Хохрум во Инсбрук. Операцијата ја изврши професорот Кристијан Финк во присуство на шефот на лекарскиот тим на Јувентус, доктор Лука Стефанини.
Киеза би требало да биде надвор од теренот околу седум месеци, што значи дека навреме ќе закрепне за да учествува на Светското првенство во Катар кое започнува на 21 ноември. Секако, ќе го нема во дресот на Италија во дополнителните квалификации во март за мечот со Македонија.