Рома одигра одличен натпревар, водеше со 4-0 на полувремето, но потоа домаќинот во продолжение намали на 4-2, ова беше крајниот резултат против Емполи.
И покрај падот во играта во вториот дел, Жозе Мурињо сакаше да остане позитивен, па се пошегува во негов стил.
„Што се однесува до второто полувреме, тоа го направивме поради публиката. Да беше 5-0, фановите пред ТВ немаше да го догледаат мечот до крај“, изјави Мурињо, кој додаде:
„Пред да влезе во овој меч знаевме дека Лацио, Аталанта и Фиорентина ги загубија бодовите, па победата беше многу важна за нас. Иако можевме подобро да ја контролираме играта, мислам дека и ова е доволно. Не е лесно тука да се слави и да се дадат четири гола“.
Рома е шеста на табелата во Серија А со 38 бодови, по овој дуел ќе биде гостин на Џенова.