Пријателска во Драч: Струга ТЛ со пораз од Феризај!

337

Фудбалерите на Струга ТЛ вчера пристигнаа во Драч (Албанија) каде ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки, а веќе денеска го одиграа и својот прв пријателски натпревар. Противник беше составот на Феризај, тим од Косово кој успеа со 2:1 да слави над тимот од Струга. Голот за за четата на стратегот Срѓан Захариевски бил дело на Кочоски во второто полувреме.

До крајот на подготовките во Драч, стружани ќе одиграат најмалку уште три вакви пријателски средби.

ПретходноМулаомеровиќ е нов селектор на Хрватска
СледноТолку беше: Ватфорд со „шут – карта“ за Раниери!